Фонтани
За нас
Фонтани
За нас
Во денешниот урбан живот, дворовите сé понагласено претставуваат место за личен одмор или дружење со најблиските. Освен тоа, тие се презентри на домот или на претпријатието кон надворешноста, односно за поминувачите. Општо е познато дека првиот впечаток има големо влијание во секој аспект на живеењето. При влегување во нечиј дом или некоја фирма, првиот впечаток се формира уште при поглед на дворот од објектот. Затоа е неспорно дека еден модерен градежен објект, не може да се замисли без модерно уредена дворна површина.
Повелете и разгледајте ја нашата веб страна. Низ неколку наведени примери, ќе добиете сознание за стручноста, креативноста и иновативноста на нашиот тим за уредување на отворени и затворени површини.
Повелете и контактирајте нé за да добиете бесплатна консултација и идејно решение, како од техничка така и од уметничка гледна точка, без никакви обврски. Фактот дека во досегашното работење немаме ниту еден незадоволен клиент, ни дава за право да речеме дека доколку не сте задоволни од извршената работа, нема да ве чини ништо.